Светската здравствена организација не смее да стане пак за хокеј на мраз и да ја удираат напред назад за политички поени, истакна рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, пренесува ТАСС.
„Ние сме против политизација на сè што е поврзано со ширењето на коронавирусот. Повикуваме да се изнајдат решенија за проблемите што може да ги имаат голем број на држави и кои би овозможиле да се преземат поефикасни мерки против пандемијата, да се консолидира улогата на СЗО, да не се дозволи да се ослабне и да не се дозволи да се користи како платформа за израмнување на политички сметки“, рече тој.
„СЗО не смее да се претвори во пак што ги удираат напред наназад за да се постигнат политички цели освен оние за градење на најефикасна меѓународна соработка против пандемијата“, додаде тој.