Португалец ќе ја организира играта на Вардар

По заминувањето на Сташ Скубе од Вардар, позицијата среден бек е сеуште непополнета.Но изгледа Вардар најде соодветна замена а тоа е португалецот Мигел Мартинс.

Цервено-црните се во преговори со Мартинс кој ланската сезона ја играше во Порто.Мартинс се има соочено и со Вардар и има постигнато четири гола.

Станува збор за 22-годишен организатор на играта висок 192 сантиметри, тој  беше член и на португалската репрезентација што настапи на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска. Таму постигна 19 погодоци, но подели 25 асистенции.

Треба да знаете
Последни објави