Универзитетот Кембриџ соопшти дека во следната учебна година сета настава ќе биде преку интернет поради пандемијата на коронавирус, јави ДПА.
Британскиот универзитет соопшти дека очекува барањата за физичка дистанца да останат некое време.
– Предавањата ќе продолжат да се одржуваат преку видео-врска до летото 2021 година, рече портпаролот на институцијата. Испитите исто така ќе се спроведуваат онлајн.
Сепак, ова е малку веројатно да доведе до намалување на студентските такси, јави ДПА.