Генералниот секретар на ОН повика на глобална солидарност со Африка, предупредувајќи дека пандемијата од коронавирусот се заканува на континентот и напредокот.
„Постоечките нееднаквости ќе се влошат и ќе се зголеми гладот, неухранетоста и изложеноста на зарази”, рече Антонио Гутереш во видео-пораката.
„Побарувачката за африкански производи, туризам и дознаки веќе се намалува. Отворањето на трговската зона е одложено – а, милиони луѓе би можеле да бидат втурнати во екстремна сиромаштија”, нагласи тој.
Шефот на ОН повика на меѓународна акција за зајакнување на африканските здравствени системи, продолжување на одржувањето на снабдувањето со храна и запирање на финансиската криза.
Тој рече дека африканските земји треба да имаат еднаков пристап до каква било вакцина и третман, и дека тие самите мора да престанат со конфликтите и да повикуваат на насилен екстремизам. Гутереш рече дека Африка треба да добие 200 милијарди американски долари од меѓународната заедница, како дел од неговиот повик за глобален пакет најмалку 10 проценти од светскиот БДП.