Според најновите податоци, бројот на заразени со коронавирус во светот надмина пет милиони и изнесува 5.002.254.
Досега починаа над 325.214 луѓе, а оздравеа речиси два милиони. Најтешко и натаму е погоден европскиот континент каде се заразени повеќе од 1.800.000 луѓе.
„Најзаслужна за тоа е Русија, која во претходниот период забележа огромен пораст на бројот на заразени, кој сега е повеќе од 300.000. Со тоа, Русија стигна на второто место по вкупниот број случаи, зад САД, кои се убедливо први со 1.570.583 пријавени случаи.
Во Канада досега се пријавени речиси 80.000, додека во Мексико тој број е уште помал и изнесува 54.346.
Покрај Русија, на европско тло најлошо поминаа Велика Британија, Италија, Франција и Шпанија, иако тие четири држави имаат помалку заразини отколку во Русија.