Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ги распиша парламентарните избори за 5 јули.
Парламентарните избори за десеттиот состав на Саборот од независноста ќе се одржат во Хрватска в недела, на 5 јули, а во странство во хрватските дипломатски и конзуларни претставништва, во сабота на 4 јули и недела на 5 јули.
Одлуката за распишување избори за членови на хрватскиот парламент ќе стапи во сила на 2 јуни 2020 година, информира Милановиќ, пренесува Хина.
Хрватски гласачи ќе изберат 151 пратеник, од кои, 140 во десет изборни единици во Хрватска, тројца ќе ги избере дијаспората, т.е. хрватските граѓани кои живеат во странство, а осум членови на националните малцинства ќе бидат избрани во 12-та изборна единица, која се однесува на целата држава.