Џоли сака Пит да ги држи своите пријателки подалеку од нејзините деца

Пред десетина години, Анџелина Џоли (44) му забрани на својот сега веќе поранешен партнер Бред Пит (56) да снима љубовни сцени со некоја друга актерка освен со неа. Исто така на славниот заводник не му било дозволено да има ниту една пријателка за време на бракот, која не била „одобрена“ од неговата сакана избраничка. Иако веќе не се во брак, Џоли не се откажува од забраните.

Бидејќи не може повеќе да му диктира со кого ќе се дружи, Анџелина одлучила да ги спроведува своите мерки на сметка на сè уште малолетните деца.

Со недели се пишува дека еден од најпознатите холивудски актери не е сам за време на изолацијата што ја поминува во Лос Фелис, Калифорнија, пишуваат странските медиуми.

Во луксузниот дом, тој беше придружуван од неговата колешка Алија Шокат (31), која се прослави играјќи во серијата  „Arrested Development“. Бред, наводно, ја запознал со својата ќерка Шило (13), а откако Анџелина дознала за новото пријателство, решила да преземе нови мерки.

Овој пат, таа го замолила својот сопруг да ги држи заедничките деца подалеку од нови пријателки или партнерки, а близок пријател на двојката откри дека Анџелина не сака да има пријателки.

„Анџелина никогаш немала многу пријателки. Нема шанси таа да се спријатели со некој со кого Бред се дружи“, тврди пријателот.

Треба да знаете
Последни објави