Шефот на Формула 1 тимот Мерцедес, Тото Волф се премисли и почна да негира дека има преговори со Себастијан Фетел. Претходно, Австриецот призна дека не може а да не ја следи ситуацијата околу иднината на Себастијан и разгледува можен договор.
Претходно, четирикратниот светски шампион објави дека оваа сезона е негова последна во Ферари и двете страни ќе се разделат на крајот на годината.
– Ние сме лојални на нашите сегашни возачи и не сакаме да ги започнеме разговорите во време кога сезоната дури не започнала, вели Волф.
Шесткратниот светски шампион Луис Хамилтон и Валтери Ботас имаат договор со Мерцедес до крајот на сезоната 2020 година и прво ќе се преговара со нив, пред евентуално Волф да погледне надвор од сегашниот пилотски состав.
– Би било одлично од германска гледна точка, но мора да останеме верни на нашите принципи. Лојалноста е важна и е една од нашите вредности, заклучи шефот на шампионите.