Американската компанија за имунотерапија „Иновио Фармасјутикалс” објави денеска дека нејзината експериментална вакцина за спречување инфекција на новиот коронавирус, покажала дека се произведуваат заштитни антитела и реакции на имунолошкиот систем кај глувци и заморчиња.
– Видовме реакции на антитела што прават многу работи што би сакале да ги видиме во можната вакцина , истакна д-р Дејвид Винер, директор на центарот за вакцини и имунотерапија во Институтот Вистар, што соработува со Иновио.
Иновио во април започна со тестирање на вакцини на луѓе, а првичните резултати ги очекуваат во јуни.
Раководителката за истражување и развој на Инови, д-р Катерин Бродерик, изјави дека некои луѓе имаат мало црвенило на рацете.
Бродерик истакна дека кога ќе пристигнат прелиминарните резултати очекува Иновио да ја контактира Управата за храна и лекови на САД за одобрување да се премине на втората и третата фаза во јули или август.
Во моментов нема одобрени лекови или вакцини за Ковид-19 и експертите предвидуваат дека безбедна и ефикасна вакцина може да се развие за 12 до 18 месеци.