Францускиот премиер Едуар Филип, зборувајќи пред францускиот Сенат, оцени дека Европската унија „не била на висината на кризата” со коронавирусот, притоа тој го поздрави „многу амбициозниот план за обновување на европската економија”, инициран во понеделникот од Франција и Германија, јави дописникот на МИА.
-Дали Европа беше на висината на кризата. Многу наши сограѓани, во Франција, многу наши пријатели во Шпанија, Италија и на други места ќе речат дека тоа не беше случај. Дали имаа право да го кажат тоа? Дали навистина одговорите на ЕУ, покрај перцепциите на нашите сограѓани, беа на висината? Веројатно, веројатно со малку растојание можеме да кажеме дека ЕУ направи нешто, и таа беше корисна во кризата. Но вистински, дали таа беше на висината на кризата? Јас не верувам! , рече францускиот премиер во Сенатот.
-Многу често, кога постои европска криза, Франција и Германија се согласуваат и заедно работат, и се изнаоѓа решение за кризата, истакна премиерот за време на прашањата упатени до владата во Сенатот (горниот дом на францускиот Парламент).