Заменичката министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска во вечерашното гостување на ТВ 24 обвини дека Христијан Мицкоски телефонски вршел притисок врз дополнителниот помошник министер на одделот на внатрешна контрола при МВР во однос на случајот „Теретана“.
– Јас жалам што се прави огромен притисок врз вработените. Нема потреба господинот Мицкоски да се јавува телефонски кај дополнителниот помошник за внатрешна котрола и да врши притисок овој случај побрзо да се заврши. За тоа имам службена белешка од дополнителниот помошник министер на одделот на внатрешна контрола дека му било јавено побрзо да се реши овој случај, бидејќи Мицкоски имал притисок од јавноста, вели Петровска.
„ Нема да го коментирам делот со отсјајот бидејќи предизвика сериозна критика во јавноста затоа што со тоа се фрли една сенка на професионалното работење но нејсе. Извештајот е се уште отворен за случајот „Теретана“ затоа што сомнежите кои беа пласирани на порталите беа дека г.Мицкоски бил во теретана во време кога согласно мерките за заштита од Ковид 19 е забрането и дека настрана од тоа што бил во текот на полицискиот час бил и во време кога е забрането теретаните и таков тип на активности да работота. Министерот се обиде да го одбрани меѓутоа таа постапка е се уште отворена бидејќи се вештачат хард дисковите од видео снимките.“