Секој 20. крводарител во Милано бил заразен пред првиот забележан случај на коронавирус

Секој 20. крводарител во Милано развил антитела на ковид-19 пред првиот официјален позитивен случај во Италија на крајот на февруари, тоа било утврдено со истражувањето на поликлиниката од главниот град на Ломбардија.

Анализата на поликлиниката во Милано потврдува дека вирусот циркулирал во Италија пред 21 февруари, кога бил утврден првиот официјален случај во Кодоњо, пишува италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Истражувањето во кое биле опфатени 800 даватели на крв, објавено на веб-страницата „medRxiv“, покажува дека на почетокот на епидемијата, 4,6 проценти од крводарителите веќе имале антитела на вирусот „ковид-19“, а на почетокот на април тој процент се искачил на 7,1 процент.

Студијата беше спроведена од експерти од Одделот за трансфузија на Поликлиниката во Милано во соработка со Универзитетот во Милано и неколку други истражувачи од здравствени установи во главниот град на Ломбардија, најтешко погодениот регион од вирусот „ковид-19“ во Италија.

Треба да знаете
Последни објави