Друштвото на филмските работници на Македонија одбележува 70 години од своето постоење.
Друштвотото на филмските работници на Македонија е основано на 21 мај 1950. Тоа е формирано како општествена организација што ги опфаќа филмските работници од сите профили. За прв претседател на ДФРМ беше избран Јован Бошковски, а Милтон Манаки, првиот снимател на Балканот, беше избран за прв почесен член на Друштвото.
Во него членувале и членуваат водечките авторски имиња што стојат зад македонските филмски остварувања.
Друштвото е иницијатор, основач и организатор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери.
ДФРМ членува во Европската федерација на режисерите, Меѓународната асоцијација на кинематограферите и во Европскиот продуцентски клуб. Друштвото го врши изборот на национален кандидат за наградата „Оскар“ на Aкадемијата за подвижни слики, уметност и науки, во категоријата најдобар интернационален филм.
Во Друштвото моментно членуваат над 100 филмски професионалци.
Големиот јубилеј на ДФРМ ќе биде свечено одбележан во септември оваа година.