Стојаноски: Ветениот парк во Ѓорче, Наумоски го претвори во депонија

Интегрален текст од прес конференција на Бојан Стојаноски, Ппретседател на ОК Ѓорче Петров на ВМРО-ДПМНЕ

 

„Александар Наумоски и Петре Шилегов уште еднаш дрско ги излажаа Ѓорчепетровци. Имено, откако ескалираше проблемот со градската депонија во Ново Село која сериозно претендира да ја надмине Дрисла во нејзината големина и граѓанските протести кои се случија заради истата причина, Наумоски и Шилегов изјавија дека се обезбедени 10 милиони денари за расчистување на депонијата.

Механизација и камери се донесоа, парите се потрошија, изјави се дадоа, а депонијата е поголема од било кога.

Покрај тоа што депонијата е необезбедена и секој може да дојде да исфрли ѓубре и шут и да ја запали, проблем кој е досега нерешлив за граѓаните на Ѓорче Петров и кој им создава сериозни проблеми, самата општина по дозвола на Наумоски ја полни истата.

Како што можете да видите од сликите и видеото позади мене камион со регистерски таблички СК – 430 – СХ со ознаки на општината, сопственост на општина Ѓорче Петров доаѓа и среде бел ден истура шут на депонијата, за која пред неколку недели Наумоски и Шилегов потрошија неколку милиони денари пари на граѓаните.

После надгробната плоча на тампонот на улица 31 во Волково ова е уште еден настан во низата на скандалозното и несериозно однесување.Наумоски со оваа негова постапка има направено кривично дело директно прекршувајќи ги членовите 218 ст. 2 и член 230 од Кривичниот законик на Република Македонија и за тоа ќе понесе одговорност.

Крајно лицемерно и неодговорно. Пред неколку недели со лажна загриженост и без никаков срам и одговорност даваа изјави дека овој проблем ќе се реши трајно и нема веќе да ги мачи ѓорчепетровци, а сега сред бел ден тие учествуваат најмногу во полнењето на депонијата и уништувањето на здравјето на луѓето.

Ѓорче Петров тоне во ѓубре, граѓаните се соочуваат со големи проблеми, неисчистени контејнери се секојдневен декор низ населбите, а депониите никнуваат на секој чекор. Наместо да ги затвара, општината сама ги создава. Наумоски излажа дека оваа депонија ќе биде затворена и овој појас ќе биде зазеленет, дека никој нема да смее одлага отпад и дека ќе има санкции, а еве гледаме дека и самиот го прекршува тоа што го ветил.

Типична СДСМ пиши-бриши политика.

Сакаме јавно да ги прашаме, дали е ова начинот на кои надлежните треба да се грижат за своите граѓани во ек на пандемија?

Дали на Наумоски му е поважен профитот кој според граѓаните го остварува од тие што имаат интерес да одлагаат отпад на депонијата и личниот ПР пред здравјето на граѓаните?

Што кога депонијата повторно ќе се запали и неподносливата миризба и чад ќе отиде низ населените места?

На лицемерието, лажењето и неработењето на Наумоски, Шилегов и такви како нив ќе им дојде крајот и ваквите проблеми новата влада на Република Македонија предводена од ВМРО – ДПМНЕ трајно ќе ги надмине.

Очекуваме овие информации, слики и видеа надлежните органи да ги земат во предвид и да поведат соодветна постапка за санкционирање на сторителот заради неовластено депонирање на отпад на локација која не е предвидена за таа намена.

 

Треба да знаете
Последни објави