Миграцијата во Велика Британија од земји надвор од Европската унија се искачи на највисоко ниво во последните 45 години, покажуваат податоците на британската канцеларија за национална статистика (ОНС).
Според податоците на ОНС, повеќе од околу 282.000 граѓани кои не се од земји од ЕУ пристигнале во Велика Британија отколку што заминале во 2019 година, што е најмногу од кога се се води статистика од 1975 година.
ОНС оцени дека ова е поттикнато од зголемениот број студенти од Кина и Индија, јави Би Би Си.
Наспроти тоа, бројот на луѓе кои доаѓаат од земјите на ЕУ за да работат во Велика Британија константно опаѓа.
Џеј Линдоп, директорка на Центарот за меѓународна миграција при ОНС, рече дека целокупното ниво на миграција е во голема мера стабилно во последните години, но дека има нови трендови за мигрантите од ЕУ и надвор од ЕУ од 2016 година.