Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денеска во својот кабинет прими делегација на Единицата за специјални операции – Ренџери, предводена од командантот на единицата, потполковник Ментор Саити.
На средбата, градоначалникот Таравари и командантот Саити разговараа за состојбата со пандемијата од ЦОВИД-19 и разменија информации за активностите што ги преземаат органите што тие ги претставуваат.
Повод за средбата беше дистрибуција на пакети со прехранбени и хигиенски пакети за 10 социјално загорзени семејства, кои Општината Гостивар ќе ги избере според приоритетната листа за итна помош.