Каракас ќе испрати бродови и авиони да ги придружуваат петте ирански танкери, за кои се вели дека се натоварени со околу 1,5 милиони барели нафта, за да бидат безбедни на бреговите на Венецуела во период на шпекулации дека САД се обидуваат да ја спречат испораката, пренесува РТ.
„Кога ќе влезат во нашата ексклузивна економска зона, ќе бидат придружувани од бродови и авиони на Боливарските национални вооружеи сили за да им посакаат добредојде и да му се заблагодарат на иранскиот народ за неговата солидарност и соработка“, рече министерот за одбрана на Венецуела, Владимир Падрино Лопез, во средата, зборувајќи за петте танкери под иранско знаме кои се очекува ѝ да го донесат многу потребното гориво во Венецуела кон крајот на мај или почетокот на јуни.
Неговата објава доаѓа откако Вашингтон сигнализираше дека може да се вмеша во минувањето на бродовите, при што еден официјален претставник изјави за Ројтерс минатата недела дека САД ги разгледуваат мерките што може да се преземат, а претстојната испорака ја нарече непожелна за САД и за регионот во целина.
Таквите изјави предизвикаат бес во Техеран, по што портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави, ги обвини САД дека се закануваат со пиратство и вети решителен одговор ако Вашингтон се обиде да го спречи слободното и легално движење на танкерите.
Амбасадорот на Иран во Брисел во средата изрази надеж дека нема да се случи никаков инцидент за време на минувањето на бродовите, но истакна дека Техеран сепак ќе одговори пропорционално на секоја провокација на САД.
„Сосема е неочекувано Иран да почне судир таму покрај нафтените танкери“, рече Голам-Хусеин Дехани во интервју за „Јуронјуз“.
И Каракас и Техеран се цел на строги санкции од САД, што особено ја погоди продажбата на нафтата. Приходите од нафта претставуваат околу 98 отсто од вкупната заработка на Венецуела.
И покрај тоа што има најголеми докажани резерви на нафта во светот, Венецуела во февруари мораше да прогласи „енергетски итен случај“, за да ја заштити својата нафтена индустрија од империјалистичката агресија во форма на санкции на САД.
Откако минатата година го признаа опозицискиот лидер Хуан Гваидо за привремен претседател на Венецуела, САД го засилија економскиот напад врз владата на претседателот Николас Мадуро со голем број казнени мерки, вклучително и замрзнување милијарди во имот на нафтениот гигант ПДВСА на Венецуела и режија замрзнати средства за опозицијата.