Во Скопје и понатаму се зголемува бројот на заболени од коронавирусот, па во изминативе 24 часа од 40 новозаболени, 26 се од главниот град.
Како што дознава „Фокус“ од доброупатени извори, 9 од заразените се од населбата Аеродром, 4 од Сарај, а заболени биле регистрирани и во Бутел и Ѓорче Петров. Од заболените кои живеат во населбата Аеродром, седумина се од иста фамилија.
Во изминативе денови најголем број од заболените беа од Чаир, Бутел и Сарај.
Според статистиката, во Скоје се регистрирани 673 случаи на Ковид 19, од кои активни се 169.