Кина најавува усвојување закон за Хонг Конг како одговор на минатогодишните, честопати насилни продемократски демонстрации и најтешките немири од враќањето на Хонг Конг во кинески суверенитет во 1997 година, објави Саут чајна морнинг пост, пренесоа британски медиуми.
Неименуван извор за кинескиот дневен весник рече дека со закон ќе биде забранета сецесија, мешање од странство, тероризам и сите други сепаратистички активности насочени кон соборување на централната власт и странско мешање во внатрешните работи на поранешната британска колонија.
Демонстрантите во Хонг Конг ја сметаат таа најава како грубо мешање на кинеската Комунистичка партија во автономијата на Хонг Конг, но официјале Пекинг ги негира обвинувањата.