Утре Црвениот крст во соработка со Општина Кисела Вода, во салата на Советот на Општината од 11:00 до 15:00 часот ќе спроведе крводарителска акција.
Локалната самоуправа ги повикува сите хумани граѓани кои се во можност да се приклучат на акцијата, да даруваат крв, да спасат нечиј живот.