Актерот Хејген Милс изврши самоубиство откога ја застрела својата девојка

Ѕвездата од серијата „Баскетс“, 29-годишниот актер Хејген Милс, се обидел да ја убие својата девојка Ерика Прајс во нивниот дом во Мејфилд по што се самоубил. Според британски „Дејли мејл“, Милс ја застрелал мајката на својата 4-годишна ќерка во градите и раката, но таа успеала да избега и да повика полиција.

 

По тоа, Милс си пресудил самиот пукајќи си во главата. Во моментот на нападот нивната ќерка Мила и мајката на Ерика биле исто така во куќата, но, за среќа, тие не се повредени.

Споре полицискиот извештај, актерот ги држел ќерката и мајката на поранешната девојка како заложници во куќата сè додека таа не се вратила дома. Штом дошла, тој почнал да пука кон неа, но, за среќа, нејзината состојба е стабилна.

Хејген одамна ѝ е познат на полицијата, а пред овој инцидент бил во затвор, каде што издржувал казна поради силување од прв степен и содомија, како и киднапирање и поседување метафетамин. Тој бил ослободен од затвор на 6 мај.

Еден од неговите агенти подоцна откри дека не се слушнал со актерот од 2018 година кога се вратил во родниот Кентаки со објаснување дека треба да реши некои проблеми што не се поврзани со филмската индустрија.

Треба да знаете
Последни објави