Според истражување спроведено од „Ројтерс” и „Ипсос”, четвртина од Американците нема или имаат мал интерес да примаат вакцина против коронавирусот.
Анкетата покажа дека администрацијата на претседателот Трамп се соочува со сериозна криза на доверба поради нејзините честопати контрадикторни одлуки за време на пандемијата и бројните критики во јавноста.
Околу 36 проценти од испитаниците рекле дека нема да ја примат вакцината доколку претседателот Трамп рече дека е безбедна, додека оценката на претседателот ќе има позитивен ефект врз само 14 проценти од испитаниците.
Мнозинството испитаници изјавиле дека најсилно врз нив ќе влијаат на препораките на Управата за храна и лекови или резултатите од научните истражувања.
Речиси 14 отсто испитаници рекле дека не се заинтересирани за вакцината, додека 11 отсто не одлучиле.
Експертите проценуваат дека е потребно 70 проценти од Американците да бидат имуни на коронавирусот, или благодарение на вакцината или излекувани од Ковид-19, за да се постигне колективен имунитет.