Во последните 24 часа 83 лица починале од коронавирус во Франција, што е пад на бројката на смртни случаи за 0,3 проценти, соопштија здравствените власти во земјата.
Вкупниот број на смртни случаи во болниците и старските домови се искачи на 28.215, пренесува Ројтерс. Според веб-страницата Worldmeters, вкупно 181.575 луѓе се заразени во Франција.