Семедо во фокусот на еден куп европски гиганти

Десниот бек на шпанскиот фудбалски првак и лидер во прекинатата сезона Барселона, Нелсон Семедо е во фокусот на интересирање за еден куп европски гиганти, пишува „Мундо Депортиво” на својата насловна денеска.

Во првата линија се наоѓаат Јувентус, Пари Сен Жермен, Манчестер Сити, Баерн (Минхен) и Интер. На „Камп Ноу” знаат дека во следниот преоден рок ќе имаат малку пари за трансфери и затоа што ќе се обидат да продаваат играчи.

Дваесет и шест-годишниот португалски дефанзивец привлекува внимание со својата брзина и силен напад. Семедо има договор со „блаугранас” до 2022 година, а Барса не може да му понуди договор со поголема плата.

Каталонскиот клуб може да го искористи и Португалецот како „монета” за преговарање во обид да одблокира една од трансферните цели – Миралем Пјаниќ или Лаутаро Мартинез.

Треба да знаете
Последни објави