Славјанка Петровска нема информации дека полициски службеници прават упад во исламските верски објекти. Во нејзиното вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ што се емитува на Алсат, Петровска вели дека полицијата има телефонски консултации со верските лидери, но оти не знае за полициски дејства во самите објекти.
„Јас немам информации дека влегуваат, но дека остваруваат телефонски контакти тоа – да…и тука нема апсолутна злоупотреба од страна на полицијата ниту од страна на полициските службеници. Не користиме сила, но ги користиме законските овластувања превентивно да дејствуваме во спроведувањето на мерките на Владата“, рече Петровска.