Автобусите на ЈСП од недела до вторник нема да се обраќаат

Ве информираме дека од утре, недела (24.05.2020 год) од 11 часот до вторник (26.05.2020 год) до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира.
Времениот целосен прекин на сообраќањето на автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници е согласно Одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во посочениот период.

РЕЖИМ НА ЈАВЕН ПРЕВОЗ и РАБОТНО ВРЕМЕ НА БИЛЕТАРНИЦИ ВО НЕДЕЛА (24.05.2020 год)
Сите автобуси ќе сообраќаат по неделен возен ред од 5 до 11 часот.
Во фото/прилог се последните термини на поаѓање пред 11 часот.
Останатиот возен ред, кој ќе се реализира до наведените последни термини, е достапен за преглед на веб страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk.

Пример за преглед на возен ред.
Линија 15 (Н.Лисиче-Карпош 4)
Согласно неделен возен ред, линијата 15 почнува да сообраќа од 6.38 ч, па се реализираат сите термини до наведениот последен пред 11 часот, односно, 8.03 ч и 9.20 ч, кој е последен наведен термин пред 11 часот, кога завршува и функционирањето на јавниот превоз.

Утре, недела (24.05.2020 год) нема да има дежурни билетарници и центри за персонализација.

РЕЖИМ НА ЈАВЕН ПРЕВОЗ и РАБОТНО ВРЕМЕ НА БИЛЕТАРНИЦИ ОД ВТОРНИК (26.05.2020 год)
Јавниот превоз ќе продолжи да функционираод вторник (26.05.2020 год) од 5 часот, а автобусите ќе сообраќаат до 19 часот, по саботен возен ред.
Исклучок ќе бидат линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат по редуциран делничен возен ред.
Во фото/прилог се последните термини на поаѓање пред 19 часот.
Останатиот возен ред е достапен за преглед на веб страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk.

Пример за преглед на возен ред.
Линија 15 (Н.Лисиче-Карпош 4).
Согласно саботен возен ред, линијата почнува да сообраќа од 6.40 ч, па се реализираат сите термини до наведениот последен пред 19 часот, односно, 7.02 ч, 7.46 ч, 8.08 ч, 8.30 ч, 9.14 ч, 9.36 ч, 9.58 ч, 10.42 ч, 11.04 ч, 11.26 ч, 12.10 ч, 12.32 ч, 12.54 ч, 13.38 ч, 14 ч, 14.22 ч, 15.06 ч, 15.28 ч, 15.50 ч, 16.40 ч ,17.10 ч, 17.54 ч, кој е последен наведен термин пред 19 часот, кога завршува и функционирањето на јавниот превоз.

Вообичаено продолжуваат да работат сите билетарници и центри за персонализација.

Од 6 до 17 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, во ГТЦ, кај Пошта, во Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, билетарниците на Зелен пазар, кај пазарот во Бутел, во Маџари, Кисела Вода, Драчево, како и билетарниците кај ЈСП Дирекција, во населба Даме Груев, во Сарај, кај Дом на печат и во Карпош 4.
Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Автокоманда (кај Шумарски факултет), Аеродром, Карпош 2, на Бит пазар и на Транспортен центар (автобусот).

Од 6 до 13 часот ќе бидат отворени билетарниците кај старото кино во Бутел, Лисиче, Радишани и во Железара.
Во истиот период ќе бидат отворени центрите за персонализација во Влае и во просториите на ЈСП Турс (Градски ѕид).
Услугите можат да се купат и на сто локации (трафики, маркети) кои се дел од продажната секундарна мрежа на ЈСП Скопје.

Ги потсетуваме корисниците на јавниот превоз, дека и натаму не важат бесплатните средношколскибилети, како и бесплатниот превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.
И натаму, укинати се трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи и Жичарницата.

Треба да знаете
Последни објави