Легендарниот центар на Њујорк никс, Патрик Јуинг, во петокот на „Твитер“ објави дека е хоспитализиран во болница, откако се покажало дека е позитивен на коронавирусот.
„Овој вирус е опасен и треба сериозно да се сфати. Сакам сите да ги поттикнам да бидат внимателни. Сега повеќе од кога било, сакам да им се заблагодарам на медицинскиот персонал и на сите кои беа во првата борбена линија против коронавирусот. Тоа ќе помине и сите ќе се извлечеме од ова“, изјавил Јуинг, кој во моментов работи како тренер во Универзитетот „Џорџтаун“.
Од неговиот Универзитет, изјавиле дека тој е згрижен и се наоѓа во изолација во една локална болница.
„Тој е единствениот член од машката кошаркарска програма, кој е позитивен на коронавирусот“, е објавено во нивното соопштение до јавноста.
I want to share that I have tested positive for COVID-19. This virus is serious and should not be taken lightly. I want to encourage everyone to stay safe and take care of yourselves and your loved ones. pic.twitter.com/a2fMuhIZyG
— Patrick Ewing (@CoachEwing33) May 22, 2020