Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Шпанија на повик на десничарската партија Вокс, барајќи оставка на владата на премиерот Педро Санчез, која ја обвинуваат за лошо управување со кризата предизвикана од ширењето на Ковид-19.
Десничарскиот Вокс, трет по големина во парламентот, во петокот повика на масовни протести на автомобили, мотоцикли и велосипеди.
🇪🇸 Así ha comenzado la caravana por España y su libertad en Córdoba. Aún incorporándose vehículos.
🚙🛵 Más de 14 km de vehículos, dos carriles para reclamar la #faselibertad. pic.twitter.com/0ETubdIphy
— VOX Córdoba (@VoxCordoba) May 23, 2020
На улицата Серано, во срцето на Мадрид, беа формирани километри колони возила со истакнати шпански знамиња.
„Владо, оставка!“, извикуваа демонстрантите низ отворените прозорци на автомобилите, постојано свирејќи. Според медиумите, над 6.000 возила излегле на улиците на Мадрид.
Лутината еруптираше од луѓето затворени во станови повеќе од 60 дена, откако се зголеми бројот на починати од коронавирус. Причина за протестите се и долгиот карантин, недостигот на заштитна опрема за здравствените работници, а демонстрантите ја обвинуваат владата и дека прекасно реагирала кога вирусот се појавил во Шпанија.
📢🛵🚗 Así está la caravana por España y su libertad en Palma.#CaravanaFaseLibertad pic.twitter.com/1Hzb64YxOR
— VOX Baleares (@voxbaleares) May 23, 2020