Медицинската сестра Надежда Жукова се фотографираше во ковид-болницата во Тула, Русија, само во бикини под заштитното одело и со тоа стана популарна низ целиот свет.
Таа доби поддршка од жителите на рускиот град Самара, кои се сликаа само во долна облека под заштитните одела и ги споделија фотографиите на социјалните мрежи.
Како што велат, тие сакаа да ја поддржат Надежда, но и да испробаат сами како е да се работи во заштитно одело.
Против Надежда била отворена дисциплинска постапка кога нејзината фотографија се појавила на Интернет, но таа, сепак, нема да биде казнета, затоа што добила поддршка од многумина.