На 24.05.2020 год во 21.45 часот женско лице пријавило дека на ул. „,Христо Татарчев“ во Кисела Вода соседи го нарушиле јавниот ред и мир за време на полициски час. Соседите имале физичка пресметка соопшти МВР.
– Околу 21.30 часот лицето А.Б. (26) од Скопје со живеалиште на наведената
адреса физички бил нападнат од две машки лица кои живеат на истата улица и кои пред
неговата куќа кршеле стаклени шишиња. Во обид да ги спречи во нарушувањето на јавниот ред и мир А.Б. најпрво физички бил нападнат од едното машко лице, а во негова одбрана дошол и брат му П.Б., по што на улицата излегле и неговата мајка В.Б. (49) и неговата сопруга В.Б. (26) Скопје кои сакајќи да им помогнат исто така физички биле нападнати од лицата. Се работи на целосно
расчистување на случајот, информира МВР.