Законот за Калифорнија забранува индо-арапски броеви во имињата, но дозволува римски броеви, како и сите соодветни апострофи и, во овој случај, цртички.
Мајката на бебето објави суптилна промена на името во коментарите на Инстаграм, одговарајќи на следбеник кој прашал: „Дали го сменивте името на бебето заради законот во Калифорнија? Како ќе се вика се бебето?“
„X Æ A-Xii“, одговори Грајмс.
Канадската пејачка Клер Елиз Бушех, позната како Грајмс претходно го објасни значењето на името на Твитер.
•X, the unknown variable
•Æ, my elven spelling of Ai (love &/or Artificial intelligence)
•A-12 = precursor to SR-17 (our favorite aircraft). No weapons, no defenses, just speed. Great in battle, but non-violent
+
(A=Archangel, my favorite song)
( metal rat)
Илон Маск (48), основачот на „СпејсХкс“ и „Тесла“ стана татко по шести пат.Канадската пејачка и милијардерот се во врска од мај 2018 година, а се запознале на Твитер.
Маск (48) има пет деца (близнаци и тројка) од бракот со канадската писателка Џастин Вилсон, од која се раздели во 2008 година и потоа беше во врска со актерките Талула Рајли и Амбер Хрд.