Продавница на „Икеа“ во близина на Франкфурт во западна Германија го даде својот паркинг простор на локалната џамија за да им овозможи на верниците масовни молитви со физичко растојание. За овој гест продавницата доби големи пофалби на социјалните мрежи.
Околу 800 муслимани се молеа на големиот простор на отворено, одбележувајќи го крајот на светиот месец Рамазан.
Eid Mubarak all✨
Especially to this Ikea branch in Germany.
Local Muslims asked if they can use the car park for prayers in order to maintain distancing per regulations. And Ikea said yes pic.twitter.com/6EDLmjkY9I
— Abdirahim Saeed (@AbdirahimS) May 24, 2020
„Завршната молитва со сите муслимани во Вецлар беше како награда за нас“, изјави претседателот на џамијата за „БиБиСи њуз“.
Места на богослужба повторно се отворија во Германија, но тие мора да ги следат правилата за да го спречат ширењето на коронавирусот.
Сликите на молитвата за Ејд, објавени на социјалните мрежи се широко распространети, при што многумина ја пофалија џамијата за изнаоѓање на безбеден начин заедницата заедно да се моли.