Според неофицијални информации на 24 Инфо Владата на денешната седница одлучи полицискиот час да се укине од утре,а од четврток најверојатно почнуваат со работа и кафетериите и рестораните, но само на летните тераси под строг протокол за заштита на граѓаните.
Сепак ќе мора да се почитуваат строго мерките за заштита кои се донесени од Владата.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министерот за здравство, Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, денеска, 26.05.2020 (вторник) со почеток во 19:00 часот, ќе одржат прес-конференција и најверојатно ќе детализираат се’ за оваа тема.