Италијанскиот оперски пејач, тенорот Андреја Бочели, денеска објави дека целосно се опоравил од вирусот Ковид-19.
Бочели на својот Фејсбук профил објави дека членовите на неговото семејство и тој имале лесна и асимптоматска форма на болеста, но дека не сакал да го објави тоа во јавност, за да ја заштити приватноста на семејството и непотребно да не ги алармира своите фанови, јави Си-Ен-Ен.
Светски познатиот тенор најави дека ќе донира крв за да помогне во клиничкото истражување за оваа болест.
На 12 април, на денот на католичкиот Велигден, за време на карантинот, Бочели одржа бесплатен концерт во целосно празната катедрала „Дуомо” во Милано, кој се пренесуваше преку Интернет.