Според податоците на регионалните власти, во Русија 101 лекар починал од коронавирус, но здравствените работници ги доведуваат во прашање официјалните податоци и веруваат дека вистинскиот број е многу поголем.
На списокот што го објавуваат лекарите на Интернет има повеќе од 300 имиња.
По бројот на заболени, Русија се наоѓа на третото место во светот, зад САД и Бразил, со повеќе од 360.000 случаи, вклучувајќи и 3.807 смртни случаи.
Релативно ниската стапка на смртност во Русија предизвикува сомневања кај локалното население и експертите на Западот дека властите манипулираат со податоците и дека пријавиле помал број смртни случаи од политички причини.
Руските власти гневно ги отфрлаат овие тврдења, тврдејќи дека ниската стапка на смртност е резултат на ефективните мерки.