Земјоделците да не стравуваат од евентуални штети поради ниските температури, велат агрометеоролозите

Врнежите од дожд и формирањето снежна покривка на повисоките места мината недела, позитивно ќе влијаат на есенските посеви зашто количеството воден талог ќе обезбеди добра залиха на влага за идниот вегeтациски период, велат агрометеоролозите од УХМР.

Според нив, земјоделците не треба да стравуваат од евентуални штети поради ниските температури. 

-Ниските утрински и дневни температури деновиве ќе бидат во граници на издржливост кај културите, дури и се очекува да им годат на културите во услови на презимување. Но, доколку почвените услови дозволуваат, земјоделците да влезат во нивите. Може да се почне и со кроење на виновата лоза, зашто операцијата е обемна и потребен е подолг период да се заврши навреме, порачуваат агрометеоролозите.

Треба да знаете
Последни објави