Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ
„Македонија под власта на СДСМ има најлоши резултати во борбата против корона вирусот.
Власта е неспособна да се справи со короната, па вината ја бара кај граѓаните.
Неспособноста на СДСМ за која сега виновни се граѓаните кои ги затворија како во притвор два месеци дома ќе ги чини токму граѓаните 1.3 милијарди евра до крајот на годината, за кои државата ќе треба да се задолжи.
Власта предводена од СДСМ не може да се сноси ниту со сопствените грешки.
СДСМ ја урива државата.
Потребна е итна стратегија за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ знае како.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.