На 70 лица им се издадени решенија за изолација, 461 фатени без маски

Во текот на изминатото деноноќие (27/28.05) на територијата на Република Северна Македонија на 70 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, и евидентирани се две лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.

Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се  461 прекршок.

Треба да знаете
Последни објави