Ниту кризата со коронавирусот не ја запре градежната офанзива низ секој дел oд државата

Изјава за медиуми, Благој Бочварски, член на ИО на СДСМ

 

СДСМ во изминативе безмалку три години покажа како е да се работи домаќински и одговорно и да се гради по план насекаде низ државата. Инфраструктурата претставува крвоток на економијата и оттука, секоја инвестиција во неа е инвестиција во економијата, во државата, за сегашните и за идните генерации. Ниту кризата со коронавирусот не ја запре градежната офанзива низ секој дел од државата. Градиме за сите и во услови на пандемија, во вонредни околности, градиме инфраструктура во новата нормалност.

За помалку од три години рехабилитиравме повеќе од 750 километри патишта, а во идниот период продолжуваме со рехабилитација на 1500 километри патна инфраструктура и изградба на автопатишта, експресни и локални патни правци. Источниот регион го доби првиот автопат Миладиновци – Штип, а во моментот се градат и експресните патишта, Штип-Радовиш, Штип-Кочани и Ранковце – Крива Паланка. Истовремено, се рехабилитираа и постоечките патни правци: Штип-Радовиш, Крупиште-Пробиштип, Кочани-Македонска Каменица, Делчево- Граничен премин со Бугарија, Ранковце-Крива ПаланкКуманово-Свети Николе.

За првпат по неколку децении е изграден мост на реката Брегалница, а наскоро започнува изградба и на браната Отиња. Иако и нашата држава и  нашата економија не е поштедена од глобалната криза предизвикана од коронавирусот, сепак тоа не ги попречи капиталните инвестиции. Токму, спротивно, капиталните проекти продолжија со изведба и тоа со забрзана динамика. Нашата земја ланската година и оваа 2020 година,  во услови на корона криза, заврши 80% од магистралната гасификација, проект кој се одолговлекуваше речиси 20 години.

И во услови на корона криза интензивно се работи и на локалната инфраструктура во фаза во која е отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации за што обезбедуваме 100 милиони евра за сите општини во земјата. Токму, кризата со коронавирусот ни даде можност да видиме од колкаво значење е инфраструктурата и јавниот сервис и дека човечки судбини зависат од практичната примена на инфраструктурата. Затоа, остануваме фокусирани на изградба на модерна, брза и ефикасна инфраструктура за побрз и поефикасен транспорт низ целата држава.

Треба да знаете
Последни објави