Британскиот премиер Борис Џонсон следниот месец ќе отпатува за Брисел, каде ќе ги продолжи преговорите за Брегзит, објави лондонскиот весник Тајмс.
Британскиот преговарач за односите со ЕУ, Дејвид Фрост изјави дека Џонсон ќе се сретне со претседателите на Европска комисија и со Советот на ЕУ, со цел официјално да се процени сосотојбата во која се наоѓаат преговорите.
Фрост повтори дека Велика Британија нема да го продолжи транзицискиот период на Брегзит по декември годинава.
Велика Британија излезе од ЕУ на 31 јануари 2020 година.