Полицијата во Хаген, Германија бара русокоса жена, која летото во 2019 година измамила маж кој верувал во голема љубов.
Тој на интернет се запознал со жена која се претставила како лекарка од САД и дека е во Ирак. Таа се преправала дека тој на крајот станал нејзина голема љубов.
Поради таа љубов, мажот во неколку наврати и префрлил вкупно 250.000 евра, а подоцна таа само исчезнала.
Меѓу другото, таа тврдела дека го наследила авионот од нејзиниот татко. За да може да го продаде, таа морала да плати разни такси однапред, а мажот и поверувал.
Полицијата на Хаген ја истражува измамата и бара сведоци кои можат да дадат информации за осомничената.