Компанијата вработува 15 илјади луѓе во осум европски земји, а следните денови планира да започне процес на советување за планираните откази.
Најавија дека во втората половина од годината ќе летаат со околу 30 проценти капацитет, што одговара на 302 авиони, или 51 помалку од претходно планираните за 2021 година.
Како што се додава во соопштението, од компанијата се насочуваат на намалување на трошоците и дека продолжуваат со разговори со компании за лизинг за продажба на авионите, за да се соберат дополнителни средства.
Се проценува дека продажбата би можела да собере меѓу 300 и 650 милиони фунти, нешто повеќе од проценките во април.
Коронавирусот ги фрли на колена авионкомпаниите во светот, присилувајќи ги да ги приземјат авионите и да укинат десетици илјади работни места, за да можат да се подготват за значително поразличен пазар на патувања во следните три години.
Ирски „Рајанер“, најголемиот нискобуџетен конкурент на „ИзиЏет“, потоа „Бритиш Ервејс“ и „Вирџин Атлантик“ уште во април најавија намалување на бројот на вработени за вкупно 18 илјади.