Веќе четири години, поранешните сопружници Бред Пит и Анџелина Џоли ги полнат весниците со нивните проблеми околу разводот. До неодамна, тие не можеа да се договорат како би изгледал нивниот конечен договор за поделба на старателството над шесте заеднички деца.
Но, по се изгледа актерката и актерот успеаја да се договорат за одредени точки во судскиот процес. Тоа го тврди добро информиран извор за американските таблоиди, велејќи:
„На Бред на прво место му се децата. Тие се многу важни за него и тој постојано им кажува на пријателите колку научил од нив. Тој и Анџелина се во многу подобри односи од порано. Уште од кога се согласија за некои правила за старателство и се држеа до тој план, тие некако се смирија.“
Фактот дека родителите се во коректни односи најмногу ја радува нивната ќерка Шајло, која за неколку дена ќе го прослави својот 14. роденден. „Шајло е многу блиска со двајцата родители цело време. Затоа е особено среќна за овој мир што го има и не може да дочека да го прослави роденденот, што веќе го испланирала со торта, балони и пријатели. Бред е многу горд на Шајло до каде стигна. Тој е исклучително среќен што таа остана своја и што толку убаво се однесува кон своите браќа и сестри“.
Многу меѓусебни пријатели на поранешната брачна двојка се пријатно изненадени од ситуацијата помеѓу Бред и Анџелина.
„Нивната комуникација значително се подобри, и двајцата сфатија дека е време да учествуваат заедно во воспитувањето на своите деца. Бред конечно може да ги види децата на секои неколку дена, и тие се среќни за тоа, исто така. Фактот дека тие живеат многу блиску едни до други, само им помага“, тврди неименуваниот извор за списанието „Ју-ес викли“.