Заштитна опрема, дезинфекциони средства на секоја маса, оддалечени маси, паравани и редарска служба на влез. Ваква е сликата во кафулињата и рестораните денеска.
Угостителите по два месеци ги отворија своите објекти и велат дека ќе го почитуваат протоколот, а истото го очекуваат и од гостите.
Од државниот инспекторат велат дека ќе вршат контроли, но сопствениците на објектите ќе ја имаат обврската да го спроведуваат протоколот.
Ова значи дека угостителите ќе треба да побараат лични карти од гостите за да утврдат дали се од исто семејство и да им дадат соодветни места на нивните гости. Ова во најголем дел се однесува на четири лица кои ќе посетат кафуле или ресторан да бидат од исто семејство.
Според проколот на маса ќе може да седат само двајца, но е предвидено и до 12 лица но со растојание меѓу нив од метар и половина.