На 28.05.2020 во 14.20 часот на булеварот Александар Македонски во Скопје, автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.З.(48) од Скопје, удрило во пешакот А.Б.(77) од Скопје.
Притоа, пешакот починал на местото на настанот, а смрт констатирала екипа од итна медицинска помош.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.