Холивудскиот актер Мики Рурк во средата беше забележан во Беверли Хилс во лежерно издание со раскопчана маица која ги открива истетовираните гради, и шарена заштитна маска за лице.
Тој на почетокот на минатиот месец беше принуден да го напушти снимањето на новиот филм во Латвија поради пандемијата на короновиус. Но, Рурк се врати „на познат терен“ неделава кога беше забележан како заминува од ресторан во Беверли Хилс со неговиот личен асистент.
Некогашниот голем заводник, облечен во маскирни тренерки, е просто невозможно да го одминете без да се загледате во него, пишуваат таблоидите.
Воен стил, тетоважи на горниот дел од градите, долга руса коса до рамена, трендовски очила за сонце и несекојдневна маска за лице…кој би помислил дека овој човек има 67 години.
Претстојниот филм на Рурк, Warhunt, беше во завршна фаза на снимање, но пандемијата на коронавирус го одложи финишот.
Филмот, кој се снимаше во главниот град на Латвија, Рига, мораше да се придржува кон локалните регулативи, иако пред тоа ја игнорираше одлуката на холивудска продукција да се прекине со снимање.
„Дојдов во Рига да работам и вирусот (Ковид-19) излезе вон контрола, но сите беа одлични“, изјави Рурк неодамна за списанието „Варајати“.