Стојаноска: Дончев незаконски се стекнал со 130.000 долари, ЈО на Русковска го штити

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

 

„Новото нормално за Заев е што неговиот директор Ден Дончев се стекнал со 130 илјади долари на лична сметка од аферата „Муртиногејт“. Криминалната афера „Муртиногејт“ на Дончев има свое ново продолжение – „Муртиногејт 2“. Дончев, не само што незаконски се стекнал со 50.000 евра во 2018-та година, тој исто така на незаконски начин се стекнал и со дополнителни 80.000 австралиски долари во 2019-та година, но овој пат и без никакво формално покритие.

Дончев во 2019-та година зел пари од „Ремаркет“, иако договорот за консултантски услуги, кој му беше формално покритие, му завршил во 2018-та година. Врз кој основ му биле исплатени 50.000 евра, а кои не смеел да ги земе? Дончев во 2019-та година се стекнал со 80.000 австралиски долари, кои му биле префрлени од истата фирма, од која на незаконски начин зел 50.000 евра во 2018-та година. Тоа е спротивно на чл. 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, и од функција на директор на ФЗОМ остварил приход и се стекнал со пари кои немал право воопшто да ги земе.

Вака нелегално стекнатите приходи, кои му биле префрлени на лична сметка, Дончев не ги ни пријавил во својот анкетен лист како функционер, во кој е должен да ги нотира сите приходи кои што ги остварил во текот на времето додека врши јавна функција, исто како што не ги пријавил и претходните 50.000 евра. Иако Дончев наплаќал огромни суми на пари од домашни и странски фирми, спротивно на Закон, Управата за финансиско разузнавање, УЈП и ЈО две години молчат и го оставиле Дончев да хара низ системот.

Иако, австралиската единица за финансиско разузнавање ги известила македонските колеги, кои потоа го информирале обвинителството, дека на средината од минатата 2019-та година австралиски „Мегантик“ му исплатил 80.000 австралиски долари на Дончев на сметка на Тутунска банка.

 

Конкретно, исплатата била извршена на 26-ти јуни минатата година, а институциите под контрола на Заев не реагирале. ЈО на Вилма Русковска и институциите под контрола на Зоран Заев лично го штитат Ден Дончев и му помагаат да помине неказнет за неколкуте милионски криминални шеми во кои е вплеткан: „Рекет 2“, „Муртиногејт“ и сега „Муртиногејт 2“. И, иако МВР го ставило Дончев на стоп листа, односно листа на луѓе кои не смеат да ја напуштат државата, откако беше објавена аферата во медиумите, ЈО на Русковска го тргнало Дончев од стоп листата и со тоа директно овозможува тој да ја напушти државата – за ова информираа медиумите.

Со ваквиот однос на ЈО спрема криминалот, за кој се сомничи Дончев, се овозможува овој криминал да остане нерасчистен и несанкциониран. Ова е начинот на работа на СДСМ. Криминал, корупција и рекет. Македонија не може да продолжи со СДСМ. Потребна е стратегија за излез од кризата. ВМРО-ДПМНЕ има план за обнова на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Треба да знаете
Последни објави