Генетско-молекуларната лабораторија „ГМ Лаб”, лоцирана на ул. Прашка бр. 11, во Скопје, започна со работа. Нејзината функција ќе биде иследување на генетската условеност на многу болести од секоја област во медицината: кардиологија, педијатрија гинекологија, онкологија, дерматологија, инфектологија и други. Целта е да се превенираат, порано откриваат и истите соодветно лекуваат со целна (таргет) терапија.
„Дел од нашата активност се однесува на молекуларни иследувања за тоа колкав е терапевтскиот ефект од лековите. Секој човек различно реагира на одредени лекови, а тоа може да се одреди врз основа на неговата генетика, затоа ваквите испитувања се клучни во одредување на третманот на болеста. Утврдувањето на генетските пореметувања помага за излекувањето на многу пациенти, но и за детекција на тие пореметувања во нивните семејства затоа што генските мутации се наследуваат. Врз генетските испитувања се темели целата модерна медицина и фармација и со тоа се поместуваат границите од лекување на болести кон заштита и превенирање за појава на истите“, велат од лабораторијата ГМ Лаб.
Во ГМ Лаб како прва специјализирана генетска лабораторија, анализите се прават со современи методи и најнова опрема. Поседувањето специјалистичко знаење и лиценцирана апаратура овозможува генетски испитувања за најчестите заболувања од сите медицински полиња.
Анализите што се прават во лабораторијата се однесуваат на разни вируси, започнувајќи од Ковид 19, цревни вируси и редица други патогени вируси. Се користи еден од најсовремените методи за откривање на генетски пореметувања за превенција на фамилијарна појава на рак на дојка, јајници, простата, за превенција и рано откривање на малигноми на дебело црево, панкреас, како и за меланомот, карцином на црн дроб, жолчни патишта, мозочен карцином и карцином на штитната жлезда и на белите дробови.
Испитувањата за интолеранција на храна, за причините за лошата функција на одредени органи, предиспозиции за стареење на кожата и алопеција, склоност кон атеросклероза и генски пореметувања одговорни за дебелина, шеќерна болест, болести на срцето се најчесто бараните испитувања а сега возможни и кај нас во ГМ Лаб.
Новата лабораторија ГМ Лаб работи од понеделник-петок од 8.00-20.00 часот и сабота од 8.00-14.00 часот. Закажувањето за испитувања се прави телефонски на +02/3090192 или по електронска пошта на [email protected]