Денеска во селото Псача, општина Ранковце, официјално беше означен почетокот на градежните работи на системот за наводнување на Славишко Поле со кој ќе се наводнуваат над 200 хектари обработливо земјиште во кривопаланечно и Ранковце. На настанот присуствуваа премиерот Оливер Спасовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, евроамбасадорот Самуел Жбогар, градоначалникот на Општина ранковце, Ивица Тошевски, останати гости и граѓани.
-Задоволство е како прв човек на општината што денес во овој тежок период на пандемија и удар врз економијата, да го отпочнеме проектот што е од големо значење за нас ,како рурална општина. Проектот насловен „ЕУ за тебе” што придонесува за модернизација на системите за наводнуавње и помага за арзвој на малите општини, е во вреднсот од 1.7 милиони евра и има 6.2 километри примарна и околу 20 километри секундарна мрежа. Распослан ќе биде од двете страни на магистралата А2, и се надевам дека покрај што ќе значи бенефит и подобрување на земјоделското производство, дека ќе ја намали и миграцијата на младите од ооштината, изјави Тошевски.
Системот е лоциран долж Крива Река, на која се проектирани зафатите и има просечен проток од 2.750 литри во секунда. На Крива Река има и привремен зафат од што се состои и постоечкиот систем за наводнување со којшто во моментов се наводнуваат само околу 40 хектри.
–Со изградбата на новиот систем ќе се овозможи наводнување на нови 200 хектари земјоделско земјиште, кое досега неможеше да се наводнува. Од новиот систем ќе имаат придобивка повеќе од 250 домаќинства од општина Ранковце кои се занимаваат со земјоделство, конкретно од околните села Гиновци, Псача и Петралица. Ефикасното наводнување на површините преку новиот систем ќе придонесе за 3 пати поголем приход, од оној што сега го остваруваат земјоделците од хектар површина, што крајно ќе влијае врз подобрување на животниот стандрад, изјави министерот за земјоделство Димковски.
Изградбата на овој систем е дел од проектот финансиран од ЕУ „Мали нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување”, со којшто е предвидено изградба на 8 мали системи за наводнување на неколку локации во државата. Директен бенефит од системот ќе имаат преку 1500 жители од населените места Псача, Петралица и Гиновци, од кои мнозинството од населението се занимава со земјоделство и сточарство.
-Со изградбата на новиот систем за наводнување, голема површина од обработливо земјиште во општината и околните села, кое во моментов е без вода, конечно ќе биде употребливо и ќе биде ставено на располагање на земјоделците. На овие наши сограѓани ќе им се овозможи да обработуваат пет пати поголема земјоделска површина со стабилен систем за наводнување, со што ќе се создадат услови за замена на постоечките култури со некои попрофитабилни култури, со поголема додадена вредност. Тоа кажува дека придобивката од овој нов систем е одржување и развивање на земјоделските активности за кои луѓето овде имаат традиција, на начин што ќе се почувствува за целото општество. Сепак, најважно од се е што сега се отвораат можности за зголемување на економската стабилност на семејствата на земјоделците од овој крај, посочи премиерот Спасовски.
Рече, земјоделството е еден од носечките столбови за развој на вкупната економија, затоа Владата посветува посебно внимание на политиките кои ги спроведува за овој сектор, со посебен акцент на развојни мерки и проекти за забрзан раст на оваа стратешка економска гранка.
Евроамбасадорот Жбогар нагласи дека се враќаме полека во новото секојдневие во пандемските услови, а целото внимание треба покрај на здравјето, акко прв приоритет, да бид енасочено и кон други приоритети.
-Овој проект е дел од серијата инвестиции на ЕУ за подршка на земјоделието, вредна 6 милиони евра. Системиет за наводнување не се само важни од економск агледна точка, туку и се клучни за животната средина согласно Зелениот договор на ЕУ и новата стратегија на ЕУ за раст преку ефикасното користење на водата и зачувување на водниет ресурси преку изградба на квалитетни водоводни системи, со затворени цевководи, рече Жбогар.