Драмски театар-Скопје продолжува со прикажување претстави на неговиот Јутјуб-канал. Од 20 часот вечер ќе биде прикажана претставата „Умри машки“ од Алдо Николај, во режија на Коле Ангеловски.
Утре во 20 часот ДТС ќе ја емитува претставата „Генетика на кучињата“ по текст на Венко Андоновски и во режија на Дејан Пројковски.